Лидерот на тајванската опозиција патува во Кина
27 март 2005,, Поради екстремните стремежи за независност, меѓу тајванскиот народ владее безумие и ново непријателство,, соопшти кинеското раководство преку државните медиуми. Сепак, како олеснување на тензиите се гледа на најавената посета на Кина на високиот претставник на тајванската опозиција, прва по половина век. Тој ќе патува со 30 негови соработници и со кинеското раководство ќе зборува за за антисесеционистичкиот закон.
,, Тензиите мора да се намалат, за тоа требаат посебни напори. Кујоминтанг ќе превземе активни чекори,, изјави претседателот на партијата Лиен Чан, откако вчера, стотици илјади Тајванци, меѓу кои и претседателот Чен Шуи Бан излегоа на улиците на Тајпеј поради усвојувањето на законот со кој што на Пекинг му се дозволува да употребни сила во случај островот да прогласи независност.
,, Ние сме против антисесеционистичкиот закон, тоа не е во ред. Тајван има суверенитет и е неѕависен,, изјавуваа демонстрантите, кои според навоидите на тајванските телевизии, ги имало повеќе од милион.