Кушнер во Багдад
20 август 2007Реклама
Ирачката влада изрази задоволство од посетата на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер на Багдад. Ирачкиот шеф на дипломатијата Хошијар Себари изјави дека се надева оти и други европски политичари ќе го посетат главниот град на Ирак. Ова е прва посета на висок француски функционер на Ирак од почетокот на американската инвазија во 2003-та година . Министерот Кушнер со посетата најстојува да ја истакне поддршката на Франција за ирачкиот народ.