Култура од сите континенти во срцето на Берлин
17 јули 2009Хумболт- форумот и би требало да биде готов за пет години. Но веќе сега во германската престолнина може да се види една изложба на која се прикажани плановите и идеите за музејот.
Проект на повеќе институции
Престижен проект, тежок милиони евра. Почеток на изградбата во наредната година. Постои единство за фасадата на планираното ново здание на Градскиот дворец, но и во внатрешноста градбата треба да одговара на високите очекувања.
Во центарот на Берлин, каде што треба да „никне“ новото здание, се’ уште се наоѓа слободна зелена површина, а сега изложба од спротива во стариот музеј се обидува да покаже, како би требало да изгледа сето тоа. Таму имено би требало да биде создадено ново место за уметноста, културата и науката.
Хумболт-форумот е инициран истовремено од повеќе научни и културни институции во Берлин.
Посетителите во него би требало да одат на едно глобално истражувачко патување, но и да го преиспитаат својот поглед на светот.
Единство на светските култури
„ Хумболт- форумот треба да биде симбол за една Германија, која е отворена кон светот, за едно место на светската култура. Островот на музеите со Европа и Блискиот Исток и Хумболт-форумот од спротива со остатокот од светот. Со Африка, Азија, Америка, Океанија. Тука сакаме да го прикажеме единството на светските култури“ , вели Херман Парцинген, претседател на Фондацијата на пруското културно наследство, една од институциите која својата трајна поставка треба да ја пресели во Хумболт-форумот.
Концептот на новиот Хумболт форум го надминува она што е прикажано на актуелната изложба. Во идниот градски дворец треба да има театарски сали, гастрономски објекти и сали за читање со интерактивни понуди. Изградбата на Хумболт-форумот треба да биде завршена во 2014 година.
Автор:СН/ЖА/дв/дпа
Редактор: Жана Ацеска