Критично ниво на безбедност во Англија
1 јули 2007Реклама
Велика Британија го подигна на највисоко, критично ниво степенот на безбедност, што укажува на непосредна опасност од терористички напади. Мерката следи откако е утврдено дека инцидентот на аеродромот во Глазгов кога вчера во терминалот влета запален автомобил, е поврзан со двете автомобили бомби во Лондон. Полицијата сопшти дека, покрај двајцата мажу уапсени во Глазгов, уапсила уште две лица поради сомневање дека се вмешани во обидите за атентати.