Коцерт на Вембли во спомен на прицезата Дајана
1 јули 2007Реклама
Денеска на новообновениот стадион Вембли во Лондон ќе се одржи голем концерт посветен на десетгодишнината од смртта на британската принцеза Дајана. Концертот го организираат нејзините синови, принцовите Вилјам и Хари. Меѓу ѕвездите кои ќе настапат е и Елтон Џон, Дуран Дуран и Тејк Дет. Дијана на викендов требаше да наполни 46 години. Загина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 во Париз.