Косово – КФОР
31 август 2007Реклама
Францускиот генерал, Гзавие Бу Де Марнак, денеска во Приштина ќе ја преземе должноста командант на КФОР од германскиот генерал, Роланд Катер. На примопредавањето на должноста ќе присуствуваат и министрите за одбрана на Германија, Франција и Швајцарија, Франц Јозеф Јунг, Ерве Морин и Самуел Смит. Тие во текот на денот ќе имаат одвоени средби со косовскиот претседател и премиерот, Фатмир Сејдиу и Агим Чеку. Команданот на КФОР под своја команда има 16 илјади војници.