030710 tour de france
3 јули 2010Реклама
На патеката од 3641,4 километри до Париз, Ленс Армстронг ќе се обиде да го заврти тркалото на времето уште еднаш. „Мојата форма е подобра од минатата година, а мотивацијата ми е поголема. Сакам да бидам победник“, најави Армстронг пред засекогаш да се збогува од велосипедската сцена.
„Ова е компликувана трка. Не се оди право. Првите четири дена ќе бидат неверојатно тешки од технички апсект, има многу одлучувачки фактори. Треба само да внимавам да немам незгоди и да останам со тимот, тоа е најважното. Но, не можам да лажам - се чувствувам добро, а тоа е секогаш важно!“, вели човекот кој е седумкратен победник на Тур д‘ Франс.
Автор: ЕМФ/ АТ/ дв
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска