Ковид-19 турка милиони луѓе во глад
27 октомври 2020Како коронавирусот да не е доволно лош, болеста на сиромашните дополнително им носи и глад.
Мајкл Данфорд, раководител за Источна Африка во Светската програма за храна, вели дека „многу луѓе ја загубија работата и основата за живот, тие не можат да си ги прехранат семејствата“.
Денес гладот доминира со животот на над 690 милиони луѓе во светот. Со пандемијата овој број може да се зголеми за 130 милиони. Најтешко погодени се кризните региони. Но, луѓето таму не се плашат од Ковид-19.
„Луѓето во Сирија не се плашат од Ковид. Тие мора да работат и натаму за да преживеат. Не можат да останат дома. Мора да донесат храна на масата. Мора да си ги прехранат децата“, објаснува Џесика Лосон од Светската програма за храна, задолжена за регионот на Сирија.
На владите во земјите погодени со глад често им недостигаат средства за помош. За многу луѓе единствена надеж се невладините организации.