Келер во Алжир
12 ноември 2007Реклама
Германскиот претседател Хорст Келер на првиот ден од официјалната посета на Алжир разговараше со неговиот колега Абделазис Бутефлика. Двајцата претседатели разговарале за политичката состојба во земјите од регионот и состојбата со африканските бегалци во Европа. Келер, кој е придружуван од министерот за развој Хајдемари Вичорек Цојл денеска треба да го отвори форумот за партнерство на групата осум индустриски земји и организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. Во Алжир од 1992 година на сила е вонредна состојба.