Качински ќе распише предвремени избори во Полска
12 август 2007Реклама
Полскиот премиер Јарослав Качински ќе распише предвремени
избори за да ја извади земјата од владината криза во која западна. Качински потврди дека неговата партија Право и правда веќе не може да соработува со коалиционите партнери. Следните парламентарни избори, кои требаше да се одржат во 2009 година, најверојатно ќе бидат закажани наесен. Причина за владината криза е отпуштањето на вицепремиерот Анджеј Лепер, шефот на партијата Самообрана, кој е обвинет за корупција.