Катастрофални поплави во Англија
24 јули 2007Реклама
Состојбата во подрачјата во западна и јужна Англија погоени од големите поплави и натаму е драматична. Најмалку 350 илјади домаќинства останаа без вода за пиење а 50 илјади семејства не се снабдуваат ниту со електрична енергија
Дојдов тука за да им изразам сочуство и подршка на сите кои страдаат од поплавите- изјави британскиот премиер Гордон Браун кој вчера ги посети погодените подрачја . Станува збор инаку за најголеми поплави во Англија по цели 60 години.