Канада ја призна Македонија под уставно име, се очекува официјална потврда
20 септември 2007Реклама
Обединетата македонска дијаспора соопшти дека Канада ја призна Република Македонија под уставното име. Одлуката за признавање под уставното име се очекува да биде и официјално соопштена од канадските власти. Одлуката има значење за Македонија, со оглед на фактот дека Канада е членка на групата најразвини земји во светот Г8 и влијателна членка на НАТО – се вели во соопштението на Обединетата македонска дијаспора. 117 држави досега ја признаа Македонија под уставното име, меѓу нив и три постојани земји членки на Советот за безбедност САД, Русија и Кина.