Како изгледа борбата против тероризмот во правна држава?
7 март 2006-Сојузната влада пропушти голема шанса,изјави претседателот на фракцијата на Либералите во Бундестагот,Волфганг Герхард.
-Шансата,на парламентот и на јавноста да и објасни околу спорните активности на тајната служба и улогата на претходната влада во тоа.Тоа не се случи и затоа е обврска на најголемите опозициони фракции да ги расветлат отворените прашања преку истражен одбор.Герхард и префрли на канцеларката Меркел што од обзир кон коалициониот партнер,Социјалдемократите,направи грешка и го избегна прашањето за политичката одговорност во аферата со тајната служба.
По одлуката за формирање истражен одбор,Либералите во согласност со другите две опозициони фракции,Левите и зелените,сакаат денеска да го поднесат барањето.Пратеникот од Либералите во парламентарниот контролен одбор ,Макс Штадлер покрај прашањето со улогата на тогашната сојузна влада во ирачката војна сака да разјасни и друго:
-Како изгледа борбата против тероризмот во една правна држава?Овие размислувања се особено јасни ако се има предвид прашањето,дали е точно дека се користат одредени ситуации со затвори како Гвантанамо или во Сирија за собирање информации.
Либералите не сакаат да знаат само за активностите на БНД во Багдад и во Катар.Нив повеќе ги интересира објаснување за тајните летови на американската тајна служба ЦИА во Германија и случајот со Ел Масри.
Претставникот на Социјалдемократите во Парламентраното контролно тело Олаф Шолц сите овие прашања ги смета за одговорени.Извештајот на владата за активноста на германските агенти во Багдад и во Катар е убедлив:
-Од тоа може да се заклучи дека не постојат основи за тоа дека биле собирани и предадени било какви информации за одбранбените планови.Тоа јасно го потврди извештајот на владата.Таа демантира дека вакви или слични информации од германски извори биле предадени на САД.
За опозицијата напротив е недвојбено:законот околу контролното парламентарно тело и со тоа контролата над јатната служба мора итно да се измени.