Каде тече млекото во Европа?
2 август 2007Германската поп пејачка Ивон Катерфилд неодамна беше прогласена за амбасадорка на млекото на Европската унија. Во нејзината реклама таа повикува да се пие колку што е можно повеќе од белото злато. „Млекото е мојата сила“, е насловот на европската кампања.
Белото злато ќе го има помалку
Меѓутоа, белото злато ќе го има помалку, а Европската унија до извесен степен е изненадена од зголемената потрошувачка. Веќе од јуни Европската унија не исплаќа извозни субвенции за млечните производи. Оваа мерка на европските млечни концерни треба да им обезбеди можност за поголеми количества извоз на млеко во прав кон Азија или Индија.
Филип Тод, портпарол на Европската комисија за Дојче веле изјави:. „Во целиот свет постои тенденција за пораст на цените. Но, во Европа се чини, растат побргу отколу во другите држави. Светската цена е под европската. Не исплаќаме извозни субвенции со што отпаѓа предизвикот за производителите да го продаваат млекото надвор од Европа.“
Цената на млекото порасна
Според мислењето на експертите од Унијата, цената на млекото на светско ниво во последниве месеци порасна, но не толку за да може да се оправда покачувањето во Германија до 50 проценти. На тој начин, Унијата ја поддржува аргументацијата на германскиот министер за земјоделство Хорст Зехофер дека зголемувањето е претерано.
Меѓутоа, растат цените и во другите земји членки големи производители, тврди Европската комисија. Во Франција, Холандија, Велика Британија или Полска инаку, покачувањето не е толку големо како во Германија, зашто цените таму ионака беа над германското ниво.
Филип Тод објаснува: „Најголемиот фактор за формирањето на цените е балансот меѓу понудата и побарувачката. Во моментов побарувачката во Европа е поголема, што води кон повисоки цени. Не веруваме, меѓутоа, дека системот на стапки на производство има решавачка улога за ова што се случува во Германија. Таа се уште не ги искористила горните граници, значи може да произведува повеќе.“
Квотите за производство мерка против прекумерна продукција
Стапките за производство беа определени во 1984 година за да се запре хипер-производството. Краткорочно Унијата не може да влијае врз настаните на пазарот, додека долгорочно евро-комесарката за земјоделство Марија Фишет Бел се залага за реформа на тој ситем чиј рок истекува во 2015 година.
Преговорите ќе започнат во наредната година, вели Филип Тод:
„Ја пресипитуваме можноста за укинување на системот на стапки за производство порано од 2015. Тоа би значело чекор по чекор да ги укинуваме стапките, и тоа би можело да влијае врз цените.“
На ниво на Европската унија, цените на млекото се различни. Германија се наоѓа во долниот дел на табелата. На пример, цената на млекото во Данска е за два ипол пати повисока од онаа во Бугарија.