1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ишингер: Преговорите се во критична фаза

26 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BwpD

Разговорите меѓу Србите и косовските Албанци за иднината на покрианата се во критична фаза, смета европскиот посредувач во преговарачката тројка Волфганг Ишингер. Германскиот дипломат во интервјуто за британскиот весник Фајненшл тајмс бара од двете страни поголема подготвеност за компромис доколку има и минимални изгледи за спогодба. Ишингер смета дека би можело да се очекува еднострано прогласување на независност на Косово, но дека водството во Приштина мора да ги знае опасностите од ваков чекор. Од дргуа старна истакнува Ишингер, и раководството на Србија не може реално да очекува по осум години меѓународна управа, Косово да се врати под нивна власт.