Ишингер на Косово
24 август 2007Реклама
Лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, изјави денеска дека претставникот на преговарачката тројка Волфганг Ишингер, за време на состаноците со косовските политичари ги слушал нивните ставови и не предлагал никакви идеи за статусот на покраината. По средбата со него, Тачи изјави дека на претставникот на Европската унија во тројката му ги пренесол уверувањата дека надгледуваната независност е компромис под кој Приштина не може да оди.