Ишингер во Белград
3 септември 2007Реклама
Претставникот на ЕУ во посредничката Тројка за Косово, Волфганг Ишингер денеска пристигна во дводневна неформална посета на Белгад. Со српските власти треба да го договори понатамошниот тек на преговорите со Приштина. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денеска изјави дека „Никој од Косово не смее да создаде фактор на дестабилизација на Балканот и во Европа“. Мун очекува на преговорите да се постигне вистински напредок“, и нагласи дека до 10 декември треба да го добие финалниот извештај на посредничката Тројка. Истовремено српскиот министер за Косово и Метохија, Слободан Самарџиќ вчера изјави дека новата фаза преговори нема да заврши до тој датум.