Иран побара Ахмадинеџад да се обрати во СБ
16 март 2007Реклама
Иран официјално ги замоли ОН претседателот Махмуд Ахмадинеџад да ги запознае членките на Советот за безбедност со иранската атомска програма. Петте членки со право на вето и Германија по повеќенеделна расправа, се договиорија околу нацртот за нова резолуција со засилени санкции која предвидува поостри услови за патувања на ирански политичари во странство, заострено трговско ембарго и ограничување на кредитите за Иран. Советот за безбедност ќе се занимава со нацрт-резолуцијата најрано кон крајот на наредната недела.