Инвестиции во челичната индустрија
8 октомври 2007Реклама
Најголемиот производител на челик во светот, Арселор Митал, до 2012 година годишно ќе инвестира по милијарда и 300 милиони долари во неговите европски фабрики. Од тоа во Германија треба да профитираат фабриките во Ајзенхутен - штат и во Бремен. Арселор Митал, по Тисен Круп, е вториот најголем производител на челик во Германија. Инаку, во Берлин денеска започна светска конференција на производителите на челик.