1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелска воена акција во појасот на Газа

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3lq

Најмалку девет палестински милитанти загинале а над 20 се ранети во акција на израелската армија во појасот на Газа. Агенциите јавуваат дека седум палестинци загинале во нападот на израелската армија која со тенкови и булдожери навлегла во северниот дел на градот Газа. Во судирите во околината на градот Кан Јунис се јавува двајца загинати милитанти, припадници на Хамас и Исламски Џихад. Палестинскиот претседател Махмуд Абас во меѓувреме воведе забрана за носење оружје и експлозивни материи без соодветна дозвола. Одредбата е дел од новите мерки на владата под водство на Абас, во која нема преставници на Хамас кои го држат под контрола појасот на Газа.