Израелската армија ја продолжува акцијата во Газа
22 мај 2007Реклама
Израелската армија ги блокираше палестинските автономни области на Западниот брег и во појасот на Газа поради претстојниот еврејски празник Шаву. Поради тоа палестинските работници не смеат да патуваат кон Израел. Во меѓувреме израелската воена авијација и натаму бомбардира цели во појасот на Газа за кои постои сомневање дека се произведува и складира оружје . Палестинските милитанти во текот на ноќта повторно испукаа ракети врз израелскиот град Здерот на границата со појасот на Газа.