„Златната мечка“ замина во Иран
20 февруари 2011И годинава Берлиналето ги потврди двете тежишта кои го прават единствен во серијата светски презентации на филмот. Беше и остана фестивал на публиката, која годинава проследи 385 остварувања. И годинава бојата на Берлиналето му ја дадоа политичките филмови. Вака било со децнии, без разлика колку ветерани или млади автори го претставувале своето најново творештво. Овој имиџ е потврден и на 61. издание, особено ако се има предвид дека уште на стартот вниманието го привлече иранскиот режисер Џафар Панахи, кому како противник на режимот во Техеран не му беше дозвлено да пристигне во Берлин и да биде дел од меѓународното жири. Наместо неговиот глас во оценката на најдобрите на фестивалот, публиката имаше прилика да види дел од неговото творештво, а уметниците протестираа против иранскиот режим и цензурата на црвениот тепих. Панахи бил трогнат од поддршката која ја добил во Берлин и како кажа директрот на Фестивалот Дитер Кослик „ниеден уметник на светот не е осамен ако припаѓа на вакво семејство".
Брилјантна иранска приказна
Но и без Панахи во жирито , одлично сработената семејна драма на иранскиот режисер Азгар Фархади „ Надер и Симин. Разделба”, ги освои срцата не само на оние кои вреднуваа туку и на критиката и на публиката и се закити со трите највредни фестивалски одличја: Златна мечка за надјобар филм и две сребрени за женскиот имашкиот актерски тим, кој го носеше дејствието. Награда за најдобар филм доби и од независното екуменско жири, од читателите на весникот „Моргенпост“ и признание на мировната филмска награда.
Станува збор за семејната драма, за традицијата, религијата, децата и разделбата каде се прикажува животот во современ Иран, кој е многу помодерен и подалеку од клишеата што многумина ги имаат во главите. Приказната за разводот, староста, религијата и традицијата, но и баксузните ситуации и во Иран ја пленија публиката. Филмот ги скрши сите рекорди на посетеност на кино салите. Одличјата кои им донесоа голема радост, добитниците им ги посветија на своите гледачи и на народ. Режисерот Азгар Фархади кој во 2009 година ја доби сребрената мечка за филмот „Се’ за Ели” на гала свеченоста кажа дека „ова е добра прилика да се потсети на луѓето во неговата земја.“
Дека потитичките теми имаат најголеми шанси на Берлиналето потврдија и сторијата за германскиот тероризам во шеесетите „Кој ако не ние”, прв игран фимл на Андрес Фајел. Сребрени мечки за висок уметнички дострел добија и камерата и дизајнот во автобиографскиот филм за воената хунта во Аргентина „Награда” на Паола Маркович.
И Македонците не заминаа со празни раце
Заслужено сребро за сценарио доби и „Крвта што простува” на Џошуа Марстон и Андамион Муратај. Дирекно не е политички, но ја тематизира крвната одмазда во денешна Албанија. Една од главните улоги одлично ја изигра македонскиот актер Рефет Абази. Годинашниот настап на македонските претставници беше историски, доколку се земе предвид финансискиот капацитетот на македонскиот филм. Покрај Рефет Абази, кој е прв актер од Македонија кој некогаш се борел за Сребрената мечка за најдобра машка ролја, во секцијата „Панорама“ беше селектиран и „Мајки” на Милчо Манчевски. Едновремено за една од десетте најнадежни европски актери беше прогласена и Наташа Петровиќ. На маркетот, пак, претпремиерно за потенцијалните купувачи беа прикажани најновите, штотуку завршени играни филмови: „Панкот не е мртов” на Владимир Блажевски и “Ова не е американски фим” на Сашо Павловски. Остануваат надежите дека годинешното издание на Берлинале ќе биде сигнал за позитивна пресвртница во претставувањето на македонскиот филм во странство.
Автор: Силвера Падори - Кленке
Редактор: Трајче Тосев