Заврши штрајкот во германски Телеком
21 јуни 2007Реклама
По повеќенеделен штрајк и долготрајни преговори,завршен е конфликтот за иднината на околу 50 илјади вработени во германскиот Телеком. Синдикатот Верди се согласи со компромисот, вработените да добиваат 6,5 проценти помала плата и да работат четири часа неделно повеќе. Затоа пак концернот вети задржување на работните места до 2012 година.