Жестоки борби околу Црвената џамија во Исламабад
10 јули 2007Реклама
Жестоки борби се водат околу Црвената џамија во Исламабад. Пакистанската армија од утринава започна офанзива против радикалните екстремисти кои повеќе од една недела седат затворени во џамијата и држат жени и деца во заложништво. Според последните податоци во престрелките загинале најмалку 50 екстремисти и тројца војници. Радикалите бараа воведување на шеријатско право во земјата. Црвената џамија во која се сместени две училишта за Коранот, важи за упориште на милитантните исламисти во Пакистан.