1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ештон: ЕУ продолжува да ја поддржува БиХ

СН/бхпрес1 јули 2012

Заминувањето на полициската мисија на ЕУ од Босна и Херцеговина не значи запирање на поддршката на земјата во нејзините евроинтегративни процеси, гласи пораката од врвот на Унијата.

https://p.dw.com/p/15Oqy
Фотографија: dapd

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон по повод завршувањето на Европската полициска мисија во Босна и Херцеговина истакна дека таа придонесла за обликување на заедничката безбедносна и одбранбена политика во земјата. Ештон додаде дека сега задачата да го зачува постигнатото му е доверена на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Петер Соренсен. Тој, како што истакна неформалната министеерка за надворешни работи на Унијата, ќе продолжи да го поддржува развојот и ќе ја следи БиХ на нејзиниот пат кон Европската унија.

European Union Police Mission in Bosnien EUPM
Заминувањето на ЕУПМ не значи и запирање на поддршката за БиХФотографија: AP

Дејствувањето на Полициската мисија на ЕУ беше во насока на пружање поддршка на агенциите за спроведување на редот и закнот и борбата против организираниот криминал и корупцијата во Босна и Херцеговина, како и во интензивирање на соработката меѓу полицијата и обвинителствата инегување на регионалната и меѓународната соработка. ЕУ изкажа недвосмислена поддршка на европската перспектива на БиХ како суверена држава со целосен тероторијален интегритет.

Полициската мисија на ЕУ во БиХ започна во 2003-та година и беше првата полициска мисија испратена од Унијата, а ја замени операцијата на ОН, чии сили беа распоредени во земјата поради војната во 90-тите години од минатиот век. ЕУ имаше 880 претставници во Босна, а до овој момент останаа само 80 полицајци