1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еуфорија кај Трамп, шок и солзи кај Клинтон

СН/ агенции
9 ноември 2016

Атмосферата на постизборните собири на кандидатите за претседател на САД, демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп е разбирливо дијаметрално спротивна.

https://p.dw.com/p/2SOF1
US-Präsidentschaftswahl 2016 - Anhänger Donald Trump in New York
Фотографија: Reuters/A. Wroblewski

Мрачно расположение во Њујорк на постизборниот собир на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија на претседателските избори во САД. Некои нејзини приврзеници плачеа следејќи ги на екраните податоците за изборниот резултат на ривалот Доналд Трамп, а некои дури и си заминуваа.

Шок и солзи во таборот на Хилари Клинтон

Во изборниот штаб на Трамп во еден хотел во Њујорк, неговите приврзеници со овации ја проследуваа секоја од прогнозите за негова победа во одделни сојузни држави.

Еуфорија во изборниот штаб на Трамп

Според најновите прогнози на Доналд Трамп му недостасуваат уште четири електорски гласови за влез во Белата Куќа.