Етнички смени во две струшки училишта
10 февруари 2009Реклама
Во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга се воведени етнички смени. Ова е привремена мерка додека да се најде дологорочно решение за проблемот, порачува македонското министерство за образование. На барање на училишните одбори министерството даде и дозвола за воведување редари и поставување видео надзор. Во актуелната ситуација најважна е благосостојбата на учениците, порачува министерството и апелира одлуката да не се политизира и партиите да не ја користат за собирање политички поени.
Повеќе за реакциите на одлуката слушнете од следниот аудио прилог.