1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК смета дека Бугарија е должна да ја спроведе пресудата на Европскиот суд околу ОМО Илинден

18 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhBI

Бугарија е должна да ја спроведе пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот ОМО Илинден и другите против Бугарија донесена на 19 јануари 2006 година, го пренесе ставот на Комисијата на Европската унија, комесарот за правда, Франко Фратини. Фратини даде писмен одговор на пратеничко прашање на шпанскиот претеник Микел Ирујо Амезага од редовите на Зелените и Европската слободна Алијаса. Што се однесува до проблемите околу именувањето на македонското малцинство во Бугарија, Фратини потсети дека Комисијата не се изјаснува како ќе се вика едно малцинство во една држава чланка, но дека земјите се обврзани да ги почитуваат директивите на Европската унија за заштита на сите лица во Европската унија против дискриминација врз основа на расно или етничко потекло.