1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозивна ситуација на Косово

17 март 2004

Најмалку седум лица загинаа, а преку 200 се повредени, во денешните безредија во Косовска Митровица. Досега се идентификувани четири жртви. Насилството изби претпладнево, откако медиумите на албански јазик јавија дека локалните власти со полицијата на УНМИК, во реката Ибар, кај селото Чабар, пронашле тела на две албански деца. Тие во водите на реката скокнале наводно бегајќи од српски деца од селото Зупче. Б

https://p.dw.com/p/AcOw
Косово
КосовоФотографија: AP

�зредија и во селото Чаглавица. Еве како изгледа Косово денеска.

По неколкучасовни судири, во Косовска Митровица сега е затишје, но ситуацијата е исклучително многу напрегната и експлозивна. Портпаролот на полицијата на ОН на Косово, Дерек Чепел, изјави дека истрагата за случајот со удавените деца кај Чабар сеуште не почнала, така што не може да се говори за тоа дали децата паднале сами во реката или некој ги присилил на тоа. Чепел изрази вџашеност поради пишувањето на одделни медиуми на албански јазик околу мотивите за страдањето на децата. Албанците во Митровица по погибијата на децата организираа демонстрации. Една група тргнала да го мине мостот што ги поврзува северниот и јужниот дел на градот, но биле вратени од страна на полицијата на УНМИК. Во разбивање на толпата, војниците на КФОР употребија солзавец и заслепувачки гранати. Меѓу повредените, има и единаесетмина француски војници на КФОР и неколкумина полицајци на ОН.

Инциденти денеска има и во селото Чаглавица. Судири се случија Албанците од една и Србите и меѓународните сили за безбедност од друга страна. Неколку илјади Албанци кои дошле од правец на Приштина, го пробија кордонот на полицијата на УНМИК, во селото во кое собрани Срби протестираа поради вооружен напад врз нивен сограѓанин.

Припадниците на КФОР и полицијата на УНМИК, иако користат солзавец и шок бомби, се повлекуваат од позициите околу селото во насока на српските куќи. Засега нема извештаи за повредени. Агенцијата Бета јавува дека повеќе десетици жени и деца од Чаглавица се собрани во центар на селото и се подготвени за заминување. На влезот на селото има десетина запалени куќи, а и натаму одекнуваат пукотници и детонации.

Косовскиот претседател, Ибрахим Ругова, ги повика граѓаните на смиреност:

”Ги повикувам граѓаните на Митровица да се откажат од протестите и да ја смират ситуацијата, затоа што ескалација не е добра за Косово. Во оваа пригода изразувам сочувство до семејствата на загинатите деца во Чабар. Извршителите на овие криминални дела сигурно ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Изразуваме сочувство и до семејствата на оние кои денеска настрадаа во протестите. На повредените им посакуваме добро опоравување. Истовремено, ги повикуваме граѓаните од српска националност од Чаглавица да го деблокираат патот, а Албанците да се повлечат од околината на тоа село, за да биде избегнат конфликт. Од сите граѓанина Косово бараме да работиме заедно за јакнење на безбедноста и чувањето на редот, за просперитет на нашата земја. Институциите на Косово, заедно со меѓународната заедница и КФОР ќе преземат се, за Митровица да биде безбеден и мирен град за сите негови граѓани.”

И премиерот, Бајрам Реџепи, со апел за смирување:

”Баравме од оние што имаат овластувања за воспоставување ред и мир, како што се КФОР и полицијата, тоа и да го сторат. Ги повикувам сите граѓани да помогнат во воспоставувањето на редот и мирот и да избегнат насилство. Сите се согласивме дека треба да се работи на смирување на ситуацијата, зашто ескалација не би можела да се контролира. За се треба да имаме исти ставови. КФОР и полицијата ги преземаат предвидените мерки за смирување на ситуацијата. Тие ќе се концентрираат онаму каде што немирите се најголеми, а потоа ќе се концетрираме на истрагата за случаите.”

Српскиот премиер, Воислав Коштуница околу насилството разговараше со шефот на УНМИК, Хари Холкери и побара ефикасно дејствување на меѓународните сили за безбедност, како и итно запирање на насилството врз Србите. Во соопштението на Српската владина канцеларија за соработка со медиумите, се вели и дека Коштуница разговарал и со претседателот на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ околи неопходните натамошни чекори. Српската влада денеска ќе одржи вонредна седница по повод инцидентите на Косово, а министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ, закажа итна седница со амбасадорите на земјите постојани членки на Советот за безбедност и на Контакт групата. Во соопштението на министерството за надворешни работи се наведува дека на средбата ќе присуствува и претставникот на ОН во Белград, Свилановиќ треба да побара итна реакција на Советот за безбедност за да биде запрено насилството и ОН и НАТО да гарантираат безбедност на Косово.