Економски полет во Германија
19 април 2007Реклама
Германија според проценките на петте водечки економски институти се наоѓа пред подолготраен конјуктурен полет.Во пролетниот извештај економистите за оваа и идната година предвидуваат раст со стапка од 2,4 проценти.За одбележување е што економскиот развој се позасилено е поддржуван од приватната потрошувачка,се вели од Берлин.Причината е намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите,заради што граѓаните повторно трошат повеќе пари.Институтите истовремено бараат од германскиот министер за финансии Пеер Штајнбрик да го продолжи стриктниот курс на санирање на сојузниот буџет.