Европјаните си одат задоволни
25 февруари 2009Земјата е пофалена дека многу сторила за исполнување на условите неопходни за укинување на визите за македонските граѓани. Експертскиот тим од Брисел, пред заминување од Македонија, им ги соопштил на надлежните од Министерството на надворешни работи впечатоците, кои ќе бидат преточени во извештај на Европската комисија. Портпаролот на македонското Министерство за надворешни работи, Петар Чулев, за „Дојче веле“ објаснува дека прелиминарните наоди на експертите ја потврдија првичната оценка на ЕК. „Република Македонија оствари значителни резултати во функционирањето на системот на интегрираното гранично управување; во усогласувањето на македонското законодавство со европското во однос на азилот и имиграцијата; во спроведувањето на визната политика и функционирањето на националниот визен центар; како и за борбата против нелегалната миграција и пограничниот криминал“, изјави потрпаролот Чулев.
Кои се другите впечатоци со кои си заминаа експертите и кога може Македонија да очекува ослободување на визниот режим? Слушнете подолу!