Европскиот Устав еден од приоритетите на Германија
9 јануари 2007"
Германија се радува на времето на претседатeлетсвото со ЕУ. Но, Европа мора заеднички да ја обликуваме.. Само така тоа ќе ни појде од рака ... И ние сме на добар пат” - вака германската канцеларка Ангела Меркел денес попладне во Берлин го пренесе расположението пред активностите кои престојат како претседавач со Европската Унија. Германија е решена да направи се што е во нејзина моќ нејзиното претседателство со ЕУ да биде бериќетно. Иако, едно претседателствување со ЕУ не може да ги реши сите проблеми на Европа, работата во трио со Португалија и Словенија, Меркел очекува да донесе плод особено во доменот на актуелизирањето на Европскиот Устав. Ова е само една од редицата активноасти за кои е потврдено заедништвото со ЕУ. Денеска во Берлин на заедничката средба меѓу комплетната Европска комисија предводена од нејзиниот прв човек Жозе Мануел Барозо и германскиот кабинет на чело со канцеларката Ангела Меркел., Германиоја го презентираше планот на работа во наредните шест месеци. На прес конференција Меркел изјави:“Секако дека разговаравме за Уставот на ЕУ. Фазата на рефлексии е завршена и со германското претседателство се отвора нов циклус кој треба да заврши до претседталетвото на Франција во 2008 година. Сигурно дека повторното актуелизирање на Уставот е голем залак” констираше Меркел подвлекувајќи дека Германија ќе изготви временски план на активности и идејата е да се работи во трио со идните престедавачи на ЕУ Португалија и Словенија.
Значењето на оваа иницијатива го потврди и Барозо кој истакна дека концентрацијата е насочена кон приоритетите. Голем сигнал е што Германија го вметна прашањето за Европскиот Устав во својата агенда. Ова покажува смелост да се соочи со толку тешка тема и ние Европската комисија и натаму ќе ја поддржува Германија. Ѓефот на Комисијата, образложувајжи го значењето на Европскиот устав подвлече дека дека во една проширена Европа не може да се применуваат инструментите од минатото. Потребна е нова регулатива и на граѓаните треба да им се објасни и доближи оваа нова Европа.
На агендата на активнсотите на Германија во наредниве шест месеци се и обезбедувањето стопански развој и намалувањето на бирократијата. Фокус ќе се стави и врз прашањата врзани за заштитата на климата и енергетиката кои посебно се актуелизрани во поселениве 24 часа со соприрањето на дотур на сурова нафта од Русија и Азертбејаџан. Поради настанатиот проблем Меркела ја апострофираше неопходноста од заедничка енергетска политика, интересот на Европа да биде едногласна по прашањата врзани за сигурноста во снабдувањето, ефикасноста и користењето на обновливите енергии. Заради тоа - заедничката енергетската политика ќе биде на дневен ред и утре во Брисел најави првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.