1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доналд Туск-полски Европеец

13 мај 2010

Полскиот премиер Доналд Туск е годинашен добитник на меѓународната Карлова награда на градот Ахен. Признанието ќе му биде врачено денеска (13.05.2010) за неговите заслуги за европското обединување.

https://p.dw.com/p/NMeu
Фотографија: DW

Германската канцеларка Ангела Меркел е лаудатор на годинешниот добитник на престижното признание во Ахен.

Кој е Доналд Туск, и зошто Карловата награда оди токму во негови раце?

„Брисел е првата станица, тоа е јасно, ние сме во ЕУ, иако размислувам-дали мојата посета на Брисел воопшто е патување во странство“.

Вака одговори Доналд Туск во 2007 година на прашањето каде ќе ја направи својата прва посета како премиер. Никакво изненадување-53 годишниот Туск е убеден Европеец.

Дете на Гдањск

Корените на неговото убедување можеби лежат во европскиот и мултинационален карактер на неговиот роден град Гдањск, бина на важни настани во 20 век, тука почна втората светска војна, тука се случи масакрот на работниците демонстранти од страна на комунистите во 1970-та, во Гдањск настана протестното движење Солидарност, процес, кој го иницираше падот на железната завеса. Младиот студент Туск бил ангажиран во ова движење. По поразот на Солидарност, Туск ја загубил работата поради својот политички ангажман и морал да се пробива како обичен работник.

По падот на Берлинскиот ѕид и Железната завеса, веќе во 1989 година Туск формирал либерална партија и стигнал во парламентот. Неговата цел: демократија и пазарно стопанство во Полска.

Во 2001 година, по турбулентна фаза, Туск ја преоснова партијата под името Граѓанска платформа, со либерално-конзервативен профил и европска ориентација.

Gedenkfeier zum 70. Jahrestag des Beginns des Zweiten Weltkrieges in Polen Flash Format
Доналд Туск и Ангела МеркелФотографија: AP

Во 2005 година Доналд Туск со тесен резултат ја загуби трката за претседателската функција од национа-конзервативниот Лех Качински. Неговите ѕвездени моменти дојдоа дури две години подоцна, со победа на вонредните парламентарни избори:

„Сега ќе се грижиме за најважното: слободата на Полска. Полјаците треба да останат горди и слободни меѓу другите европски народи,“ изајви Туск во победничката вечер.

Пресврт во односите со соседите

Туск вети подобрување на односите со соседите, пред се‘ со Русија и Германија. Всушност, 2007 година го означува пресвртот во германско-полските односи, кои речиси беа замрзнати од страна на претходната полска национал-конзервативна влада.

Gedenkfeier zum 70. Jahrestag des Beginns des Zweiten Weltkrieges in Polen
Доналд Туск и Владимир ПутинФотографија: picture alliance/dpa

Тоа што го вети Доналд Туск и го исполни. Проблемите со соседите ги решаваше прагматично, надминувајќи ја недовербата, како со Германија, така и со Русија. Рускиот премиер Владимир Путин го покани на одбележувањето на 70 годишнината од почетокот на втората светска војна во Гдањск и во април 2010 година на комеморациите за убиените полски офицери во Катинска шума. Процесот на приближување продолжува засилено и по авионската несреќа во Смоленск, во која загина полскиот претседател Лех Качински.

Туск не е човек кој многу зборува, изгледа малку срамежливо и не е кавгаџија. Кај Полјаците е меѓу најомилените политичари. И во Брисел го ценат. По ерата на Качински Полска повторно е добредојден и конструктивен партнер за ЕУ, во што заслуга има и Туск, полскиот Европеец.

Автор: Бартож Дудек/ Жана Ацеска

Редактор: Симе Недевски