Десетици загинати во нови напади во Ирак
24 мај 2007Реклама
Во Ирак продолжуваат терористичките напади. Со напад со автомобил бомба во градот Фалуџа според болнички податоци загинале најмалку 20 лица . Голем број луѓе денеска загинаа и во Багдад кога бил активиран експлозив врз група работници. Нападот се случил во шиитски дел од градот. Во меѓувреме во американска рација против сунитските екстремисти убиени се шест лица.