Демонстрации на приврзениците на воената хунта во Мијанмар
13 октомври 2007Реклама
Две недели по задушувањето на масовните протести,воената хунта во Мијанмар организираше демонстрации во своја поддршка.Автобуси ги носат учесниците во главниот град Рангун,а им е ветувана и финансиска награда.Демонстрациите се организирани како поддршка на отфрлањето на декларацијата на Советот за безбедност на ОН во врска со минатомесечните брутални акции против продемократските сили во земјата.Ситуацијата во Мијанмар не е закана за мирот и безбедноста во регионот ниту во светот,се вели во соопштението на хунтата емитувано преку државната телевизија.Истовремено хунтата сепак ја нагласува подготвеноста да разговара со ОН.