Демонстрации во Росток
4 јуни 2007Реклама
Неколку стотина противници на глобализацијата и самитот на Г8 во Хајлигендам, претпладнево на кратко ја блокираа работата на службата за странци во Росток. Полицијата соопшти дека околу 1000 лица протестирале против политиката на азил и ограничувањето на правата на странците во земјата, под мото„ еднакви права за сите„ Меѓу демонстрантите биле забележани 200 до 300 припадници на таканаречениот „Црн блок„ кој во саботните демонстрации во градот ги предизвика насилните судири со полицијата. Според последните информации во судирите биле повредени 1000 лица, а 128 се уапсени.