Демонстрации во Рим
14 октомври 2007Реклама
Десетици илјади луѓе демонстрираа во Рим против италијанската влада и бараа оставка од премиерот Романо Проди. Повод за протестниот собир, организиран од партии и организации од конзервативниот и десничарскиот табор, е формирањето нова Демократска партија со фузија на двете досега најголеми партии на левиот центар. Проди со тоа сака да обезбеди поголема стабилност на владата. Сегашниот градоначалник на Рим Валтер Велтрони е фаворит во изборот за претседател на новата партија.