1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во Истанбул

29 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag95

Десетици илјади Турци демонстрираат денеска во Истанбул против владата на премиерот Реџеп Таип Ердоан и за задржување на поделбата на државата од религијата. „Турција е секуларна држава и таква ќе остане, скандираше масата„ која местото на манифестацијата го претвори во море од црвени знамиња со зведа и полумесечина. „Никаква Шарија, никаков пуч„, гласеше друг слоган целејќи на кризата меѓу владата и военото водство околу изборот на нов претседател на државата. На масовниот протест главно повикаа организациите на жените. И покрај демонстрациите и предупредувањата на армијата, министерот за надворешни работи Абдулах Ѓул, кој и припаѓа на исламско-конзервативната АКП, изјави дека нема да се откаже од кандидатурата за претседател на државата.