1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте во Сараево

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEIO

Главната хашка обвинителка Карла Дел Понте денеска е во Сараево каде ќе разговара со новоназначениот висок претставник на меѓународната заедница Мирослав Лајчак и босанското раководство, околу соработката на босанските власти со Хашкиот Трибунал. Успешна соработка е клучен услов и за потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Босна и Херцеговина со ЕУ. Дел Понте која вчера беше во Црна Гора, повтори дека “најважна работа е поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ и екс генералот Ратко Младиќ да не останат неказнети и да се продолжат активностите за нивно апсење.“