Дел Понте во дводневна посета на Србија
25 октомври 2007Реклама
Во Белград денеска допатува главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте. За време на дводневната посета таа ќе разговара со политичкото раководство на Србија околу соработката со Трибуналот. Ситуацијата е подобра отколку пред една година, но соработката е се’ уште бавна и недоволна, оцени дел Понте.