Делегација на ИАЕА во посета на реакторот Јонгбјон
28 јуни 2007Реклама
Делегацијата на Меѓународната Агенција за атомска енергија , која од вчера престојува во Северна Кореја пристигна во инспекција на спорниот нуклеарен реактор на оваа земја , Јонгбјон. Според зборовите на водачот на делегацијата Оли Хајнонен експертите на лице место ќе се информираат за тоа како ќе може да се надледува процесот на затворање на реакторот , на што властите во Пјонгтјанг се обврзаа во меѓународен договор во февруари годинава. Според тој договор, Северна Кореја треба да добие економска и хуманитарна помош откако ќе го затвори реакторот .