1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција – предизборје

7 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BdUM

Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека неговата партија не е подготвена да создава владина коалиција со некоја од преостаните четири партии кои веројатно ќе видат застапени во новиот состав на парламентот. Доколку владата нема доволно мнозинство, тогаш ќе има и нови избори, порача Караманлис. Анкетите на јавното мнение покажуваат дека владеачката Неа Демократија има предност пред социјалистичкиот ПАСОК од околу 2%, но ниту една партија не може да смета на стабилно парламентарно мнозинство.