Груевски предлага редовни средби со Црвенковски
22 октомври 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во писмо до претседателот на државата Бранко Црвенковски предлага еднаш месечно да имаат средби за стратегиски битните прашања за Република Македонија. „Предлагам секој прв понеделник во месецот да остваруваме заеднички средби на кои би разговарале за прашања од сферите за кои согласно Уставот на Република Македонија сме упатени на соработка“ – се вели во писмото на Груевски.