Груевски - ПДП - коалиција
15 април 2007Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски најави скорешна средба со лидерот на опозиционата партија на Албанците ПДП, Абдулјади Вејсели. На неа ќе стане збор за можното приклучување кон владината коалиција на оваа партија, која неодамна го напушти изборниот сојуз со ДУИ. Груевски при вчерашната посета на Тетово нагласи дека прашањето за министерско место за ПДП во неговата влада е се‘ уште отворено.
Подготвеност за прием на ПДП во владината коалиција сигнализираше и шефот на помалиот коалиционен партнер, Новата социјалдемократска партија, Тито Петковски.