1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Граѓаните немаат доверба во црвено - црвената владина коалиција“

18 септември 2006

Еден ден по покраинските парламентарни избори во овие две гермаснки покраини денеска започна и потрегата по можни идни коалициони партнери. Сепак еден факт ги загрижува сите политичари, а тоа е влезот на десно – екстремистичката партија НПД во парламентот во Шверин, главниот град на Мекленбург Предна Померанија.

https://p.dw.com/p/Ac37
Реакциите во СПД
Реакциите во СПДФотографија: AP

Во Берлин досегашниот градоначалник Клаус Воверајт останува на кормилото и има избор за коалицирање со две партии и тоа со досегашните партнери: партијата на Левицата но и со партијата на Зелените. И во двата случаи Воверајт ќе може да се потпре на тесно мнозинство во Берлинскиот парламент. За кого ќе се одлучи стариот нов градоначалник за Берлин, кој на функцијата е од 2001 година сеуште е отворено, но вчеравечер по изборите тој прво се заблагодари кај избирачите „што Берлинчанките и Берлинчаните пред се демократски избираа и тоа што НПД и републиканците не влегоа во парламентот во Берлин.“

Десно екстрмистичката НПД сепак ја мина границата од 5 проценти и влезе во парлемнтот во Шверин, Мекленбург Предна Померанија каде мандатот за формирање нова покраинска влада, по вчерашните избори го доби досегашниот премиер од СПД Харалд Рингсдорф кој ќе води сондирачки разговори како со партијата на Левицата но и со партнерот на социјалдемократите на сојузно ниво – ЦДУ, кои бараат да не се формираат нови коалиции само од партиите на Левицата.

Сојузната канцеларка Ангела Меркел исходот од изборите во Берлин и Мекленбург Предна Померанија ги оцени како јасно одбивање на досегашната црвено – црвена покраинска владина коалиција. На прес конференцијата по седница на претседателоството на ЦДУ Ангела Меркел денеска во Берлин истакна „Граѓаните немаат доверба во црвено – црвената владина коалиција. Луѓето не веруваат дека црвено – црвената коалиција може да ги реши нивните проблеми. Тоа исто така е појдовна точка за работата на ЦДУ како во Мекленбург Предна Померанија исто така и во Берлин.“

Шефот на Социјалдемократите Курт Бек пак изрази задоволство од постигнатиот резултат „Моите први честитики се упатени до Клаус Воверајт и Харалд Рингсдорф. И двајцата натаму ќе владеат во нивните покраини и се разбира тоа беше нашата изборна цел. Се радувам затоа што Берлинчаните толку впечатливо го потврдија владеењето на Клаус Воверајт. Социјалдемократијата во Берлин повторно освои повеќе гласови и јасно е дека Берлинчани сакаат да го задржат премиерот на покраинската влада.“

Во првите реакции задоволство од изборите изрази и шефовите на двете опозициони партии на сојузно ниво, шефицата на партијата на Зелените Клаудија Рот и лидерот на Либералите Гидо Вестервеле

„Ова е неверојатен резултат за нас. Ние сме фактичкиот победник на изборите во Берлин. Сите други загубија дел од гласовите, а најмногу Партијата на левицата, која беше на власт со социјалдемократите. Сметам дека ова е јасна одлука на избирачите за коалиција меѓу СПД и Зелените, со акцент на Зелените.“

„Во Берлин остваривме одличен резултат, тоа е за нас втор најдобар резултат во таа покраина од повторното обединување на Германија. А во Мекленбург Предна Померанија остваривме триумфален резултат.“

Но сепак тој резултата не е доволен за либералите да бидат во една од двете нови покраински владини коалиции.