Голем ангажман на Бундесверот во Јужна Азија
4 јануари 2005Специјален авион на Бундесверот утрово во Германија од Јужна Азија превезе 42 други жртви, некои од нив и тешко повредени. Досега со еирбусот МедЕвек од кризната област беа извлечени поголем број повредени пациенти. На 12 јануари подготвен за ангажман и пружање помош на Суматра ќе биде и бродот за згрижување на Бундесверот “Берлин”. Бродот располага со центар за спасување, со 45 кревети, два водени прифатни кампови, две операциони сали и два хилихоптери - ова го потврди и германскиот министер за одбрана Петер Штрук на денешната пресконференција:
“ Се на се со Мед Евек извлековме преку 130 пациенти. Во првите летови беа и тешко трауматизирани лица како и тешко повредени. Во денешниот лет луѓето беа претежно полесно повредени. Како што истакнав во состојба сме да транспортираме и тешко повредени жртви. Освен ова донесов одлука во регионот Суматра да го испратам и бородот Берлин, кој од 12 јануари ќе биде во состојба на готовност.” појасни германскиот министер за одбрана Петер Штрук