1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Велика Британија: Европската шанса на коцка

7 август 2011

Германија и Велика Британија ги предупредија Косово и Србија дека со продолжувањето на спорот околу граничните премини си ја загрозуваат перспективата за приближување кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/12CbT
Првиот дипломат на Германија, Гидо ВестервелеФотографија: picture alliance/dpa

Во заедничкиот текст за утрешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ шефовите на дипломатиите, Гидо Вестервеле и Вилијам Хејг, порачуваат дека обете страни, Приштина и Белград, можат да си ги прокоцкаат европските шанси со најновата криза. Решение за спорот треба да се најде по дипломатски пат, апелираат Вестервеле и Хејг. Таквото решение, пак, треба „да ги почитува границите на Косово, да го подобрува животот на сите граѓани и двете држави да ги води кон пристапување кон ЕУ“. „Не ја пропуштајте оваа историска шанса“, порачуваат двајцата први дипломати. ЕУ наесен ќе расправа за односите меѓу Србија и Косово и притоа „во детали ќе разгледува каков напредок оствариле земјите“ во таа насока, се вели во заедничкиот текст на германскиот и на британскиот министер за надворешни работи за понеделничкото издание на „Франкфуртер алгемајне“.

Автор: ГЧ/ЖА/афп

Редактор: Жана Ацеска