1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Вулканот ѝ донесе „страшно време“ на Тонга

СН/агенции
17 јануари 2022

По огромната ерупција на подводниот вулкан во Пацифичкиот океан, целосниот обем на штетата во Тонга сѐ уште е нејасен. Соседните држави испратија извидувачки авиони во кралството.

https://p.dw.com/p/45cUE
Сателитска фотографија од ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи сосема десно од Австралија
Сателитска фотографија од ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи сосема десно од Австралија Фотографија: NICT/AP/picture alliance

Австралија и Нов Зеланд испратија денеска авиони за надзор за да ја проценат штетата на Тонга, по ерупцијата на вулканоткој предизвика цунами и го покри со пепел овој пацифички остров.

Австралискиот министер за Пацифик, Зед Сеселј, изјави дека првиот извештај сугерира дека нема масовни жртиви од ерупцијата и цунамито кои се случија во саботата, но оти австралиската полиција ги посетила плажите и пријавила значителна штета. „Знаеме дека постои значителна штета во одмаралиштата“, изјави тој за една австралиска радио станица, додавајќи оти аеродромот во Тонга изгледа во релативно добра состојба. Сеселј додаде дека е пријавено исчезнување на една Британка.

На пат кон Тонга: австралиски извидувачки авион полетува од воената база Емберли
На пат кон Тонга: австралиски извидувачки авион полетува од воената база ЕмберлиФотографија: LACW Emma Schwenke/ADF/AP/picture alliance

Заменикот шеф на мисијата на Тонга во Австралија, Кертис Туиалангинги, изјави оти авионите за надзор ќе се врата денеска вечер, додавајќи дека во Тонга се загрижени дека со испораките на пакетите за помош би можело да дојде до ширење на Ковид-19 на островот на кој нема заразени од вирусот. „Каква било помош која ќе биде доставена на Тонга би морала да се стави во карантин и веројатно на странскиот персонал нема да му биде дозволено да излезе од авионот“, изјави тој.

„Ова е страшно време, но Нукуалофа сè уште стои, електричната енергија е вратена во многу домови“, напиша, пак, на Фејсбук, Питер Лунд високиот комесар на Нов Зеланд во Нукуалофа, главниот град на Тонга,.

Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хапаи во саботата предизвика цунами на брегот на Тонга и ги прекина телефониските и интернетските линии на целиот остров.тревога за цунами беше објавена за повеќе островски држави во Јужен Пацифик, а брановите стигнаа и до Јапонија. Предупредувањето за цунами беше објавено и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската сојузна држава Хаваи ја зафатија „помали поплави“.

Infografik Karte Tonga EN

Меѓународната комуникација е сериозно отежната поради оштетување на подморскиот кабел, чии поправки би можеле да потраат повеќе недели. Меѓутоа, пепелот од вулканската ерупција претставува голем здравствен проблем, бидејќи ја загадува водата за пиење. „Поголемиот дел од луѓето не се свесни дека пепелот е токсичен и е лош за дишењето и оти мораат да носат маски“, изјави Туиалангинги.