1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вратената Тората во синагогата во Келн

10 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C9zw

Во синагогата во Келн еврејската заедница во Германија синоќа свечено го одбележа реставрирањето на еден примерок на светата книга Тора што беше оштетен во пожарот во ноќта на прогонот во 1938-та година. Келнскиот свештеник Густав Мајнерц го спасил примерокот на Тората од запалената синагога ризикувајќи го сопствениот живот. По завршувањето на војната тој и‘ ја вратил светата книга на Еврејската заедница.