1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вранишковски ги расклати односите Белград - Скопје?

27 јули 2005

Иако досега тврдеше дека спорот меѓу македонската и српската православна црква нема да ги наруши односите меѓу двете држави, Белград вчера за првпат и официјално предупреди дека постои опасност по пријателството со Скопје. Повод е затворската казна ѕа расчинетиот македонски владика Јован, кој вчера попладне се јави на отслужување каѕна во скопскиот затвор Идризово, поради поттикнување верска и нацио

https://p.dw.com/p/AcDh
Фотографија: AP

нална омраза.

,, Тешко е да се замисли дека најновите настани нема да остават трага на српско македонските односи во најширока смисла. Освен правните и моралните аргументи за драстично каѕнување на црковниот великодостојник само затоа што постапувал според своите убедувања, мора да се има предвид и политичкиот контекст“ изјави советникот ѕа надворешна политика на српскиот премиер Воислав Коштуница, Владета Јанковиќ.

Според Јанковиќ, затворската казна за Вранишковски дава причини за сериоѕна загриженост, бидејќи постапката на македонските власти ,, без сомнежи ги зголемува тензиите во регионот на кој стабилноста , взаемното раѕбирање и добрата војла му се крајно неопходни.

,, Би било разумно државниоте органи на Македонија , но и меѓународните фактори да ги земат предвид пошироките аспекти на случајот со архиепископот Јован, нагласи Јанковиќ.

Ваквиот став на советникот во српската влада ѕначително се раѕликува од оној на српскиот шеф на дипломатијата, Вук Драшковиќ. Тој, неодамна, во интервју за Дојче веле, посочи дека спорот меѓу црквите нема да се одрази на односите Белград Скопје.

,, За среќа, таму немаше никаква драма, нема никакви спорови со Македонија, што е добро. Јас верувам во Бога и истовремено не прифаќам црквата да се меша во државните работи, ниту сакам државата да се меша во црковните работи. Ако има некакви спорови од верски карактер, тоа не се државни спорови, не се државни проблеми , а не се ниту проблеми меѓу граѓаните на Србија и граѓаните на Македонија. Тоа треба фино да го решат поповите, како што знаат и умеат, а ако не знаат, тогаш тие се самите виновни,, изјави Вук Драшковиќ.

Српската радикална патрија, пак, претходно оцени дејка ѕад прогонот и апсењто на Владиката на српската православна црква, Јован, директно стои македонската држава. Вранишковски, кој пред два дена преку телевизија јавно побара помош од од српската влада и јавност, вчера попладне пристигна на отслужување на затворската каѕна од две и пол години во затворот Идриѕово во скопје, поради поттикнување на врска, национална и расна омраза.

Признавањето на неговата тн. Охдридска архиепископија од страна на српските владици како единствена црква во македонија уште пред неколку месеци, го доведе до кулминација спорот меѓу македонската и српската православна црква.